6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСКСЗМ на седмата Mеѓународна конференција во Сараево

СКСЗМ на седмата Mеѓународна конференција во Сараево

skszm

Седмата Конференција на меѓународни инвестиции „Сараево бизнис форум (СБФ)”, која се одржува под мотото „Еден регион, една економија (One region, one economy)”, почна денес во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина во Сараево, и ќе продолжи и утре.

Во текот на денешништ ден, ќе се разговара за потенцијалот што го нуди овој регион и можноста за спојување на пазари, како и за соработката со Кина. Во текот на утрешниот ден, експерти од различни земји ќе предложат идеи и платформи за создавање на заедничка стратегија за трговија, производство, развој на туризмот.

СКСЗМ претставена од претседателот Неби Хоча, за време на конференцијата ќе размени искуства од областа на земјоделството, енергетиката, градежништвото, туризмот и образованието, како и за соработката со Кина и Дубаи.

СБФ е еден од најважните економски случувања во регионот. Организаторите на СБФ, ББИ банка и Исламската Банка за развој најавија учество на познати лидери од Кина, Индонезија, САД, Малезија, Саудиска Арабија, Турција и други, како и бизнисмени од сите други земји од светот.

Форумот оваа година, како и во претходните години, ќе функционира во рамките на успешните параметри дефинирани на конференција во Давос. Во текот на последните години, СБФ е домаќин на повеќе од илјада инвеститори од повеќе од 40 земји, каде се претставeни повеќе од 350 проекти.

Оваа година „Сараево бизнис форум (СБФ)”, ќе ја дели наградата “Сараево бизнис мост” на најдобрите претприемачи во регионот и на вториот ден ќе се доделат наградите за најдобар студентски бизнис план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП