19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилеп за две години ќе добие природен гас

Прилеп за две години ќе добие природен гас

prilep-gas

Македонските прилепски компании ќе бидат првите корисници на  природниот гас од новиот гасовод кој ќе се протега од Неготино до Пелагонискиот регион.

Првите количества од овој енергент низ гасоводот ќе протечат за две години, најави првиот човек на акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурс,  Крсте Миладинов. Градоначалникот на Прилеп рече дека компаниите и граѓаните на Прилеп ќе ја имаат таа можност  поекономично и поефикасно да работат и да го користат овој енергенс.

Од Македонски енергетски ресурси, велат дека станува збор за веќе изграден магистралниот гасовод од Клечовце до Штип, што во Македонија го изведува руска компанија, а  набргу ќе се гради и гасоводна мрежа низ градовите во цела Македонија, при што гасот ќе биде достапен за компаниите и граѓаните. Приклучокот на едно семејство кон оваа мрежа ќе чини симболично 6.000 денари, а ефектите во заштедата на другите енергенси ќе биде огромна.

За изградбата на сите четири магистрални делници, гасовод, Клечовце – Штип, Штип- Неготино, Неготино–Прилеп-Битола и Скопје – Тетово- Гостивар, во должина од 204 км плус 61 км, пари се обезбедени преку кредит од германската Дојче банка и Ерсте групата, во висина од 90 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП