2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешкиот инвестициски фонд со загуба од вложувањата во имот

Норвешкиот инвестициски фонд со загуба од вложувањата во имот

nor fond 33

Норвешкиот државен инвестициски фонд забележа загуба од инвестициите во имот во првиот квартал. Главен двигател на притисокот се инвестициите во јавните компании за недвижности и флуктуациите на девизните курсеви.

Во извештајот за првиот квартал „Norges Bank Investment Management“ која управува со Фондот, наведува дека инвестициите во недвижности за периодот достигнуваат 223 милијарди норвешки круни, наспроти 235 милијарди норвешки круни на крајот на декември 2015-та година.

Инвестициите во јавни имотни средства, кои го сочинуваат поголемиот дел од портфолиото на норвешкиот фонд, предвиде минимална загуба за разлика од вложувањата во јавни средства, при што загубите се поголеми поради нестабилноста на пазарите од почетокот на годината.

Корекцијата на вредноста на средствата во Велика Британија, поради претстојните даночни промени, исто така вршат притисок врз резултатите. Влијанието на промените сепак се очекува да има еднократен ефект.

Фондот не правел нови инвестиции во првиот квартал, но продал два логистички имотот во Шпанија во партнерство со „ProLogis“.

Раководството на Фондот има намера да ги зајакне директните инвестиции во имот за сметка на вложувањата преку заедничко вложување. Ова и дава на институцијата можности за поголема контрола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП