20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Договорот за слободна трговија се очекува до крајот на годината

Јункер: Договорот за слободна трговија се очекува до крајот на годината

junker2

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека е сигурен дека ЕУ и Јапонија би можеле да потпишат договор за слободна трговија до крајот на оваа година.

ЕУ и Јапонија во март 2013 година покренаа преговори, а 16-тата рунда на преговори беше одржана во Јапонија минатиот месец.

„Нашитe преговори напредуваат, но сега мораме да ја завршиме работата“, изјави Јункер за новинарите пред разговорот со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Брисел.

Јункер нагласи дека со договорот за слободна трговија ќе го зголеми економскиот раст и бројот на работни места во Европа и Јапонија, и така ќе испрати позитивен сигнал во остатокот од светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП