8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите вложиле 221 милијарди долари во земји со ниски даночни стапки во...

Компаниите вложиле 221 милијарди долари во земји со ниски даночни стапки во 2015-та

pari te

Во минатата година компаниите вложиле 221 милијарди долари во земји со ниски даночни стапки, претежно Луксембург и Холандија, а инвестиции со вредност од 72 милијарди долари биле насочени кон две даночни засолништа под британска јурисдикција – Британските Девствени острови и Кајманските Острови. Ова се наведува во извештајот на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД – UNCTAD) кој беше објавен вчера и цитиран од „Ројтерс“.

Во последниот квартал од 2015-та година, сепак, откако Луксембург и Холандија ги воведоа новите европски правила за борба против даночните практики, компаниите повлекле од нив милијарди долари.

Протокот на средства кон Британските Девствени острови и Кајманските Острови е приближно во границите на просечните вредности, но во последниве години изворите на парите се префрлени од богатите кон земјите во развој.

Помеѓу 2010-та и 2014-та година најголемите извори на средства биле Хонгконг, САД, Русија и Кина.

Преносот на средства меѓу различни јурисдикции од компаниите со цел да штедат на даноци, остануваат „клучен проблем за политичките лидери“, се наведува во извештајот на ОН.

Експертите нагласуваат дека компании од репрезентативен примерок од 26 развиени земји во 2014-та година е регистриран повеќе профит во Бермуда, отколку во Кина.

Т.н. друштва со специјална цел на компаниите обично се единици кои имаат слаба врска со локалната економија, но имаат во соодветните земји средства или обврски, или стекнување на капитал.

Тримесечните капитални текови на компаниите со посебна цел во Холандија достигнаа 148 милијарди долари во третиот квартал од минатата година – на највисоко ниво од 2007-ма година, под влијание на инвестициите од Луксембург и Велика Британија, но подоцна силно се повлекле.

Капиталните приливи во Луксембург поврзани со средства за финансирање на инвестиции во САД, во првите три квартали од 2015-та година се во однос на истиот месец од 2014-та година, но влегле во негативната зона по чистиот одлив на 115 милијарди долари во последниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП