20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Германија ни должи 162 милијарди евра

Грција: Германија ни должи 162 милијарди евра

grcijagermanija1

Доверливиот извештај изготвен на барање на Министерството за финансии во Атина, покажува дека Германија на Грција и должи 162 милијарди евра за отштета од Втората светска војна.

Таа сума би била доволна за да се реши должничката криза во оваа земја, но Грција не се осмелува да се вклучи во кофликт со својот главен доверител.

Во неделното издание на грчкиот весник „То Вима“, под наслов „Што ни должи Германија“, беа наведени ставките за воената штета од Втората светска војна, за која Грција би можела од Германија за побара надоместок.

Според весникот „То Вима“, комисијата дошла до јасен заклучок: „Грција никогаш не добила никаков надоместок, како за кредитите кои и ги дала на Германија, така ни за штета која ја претрпела во Втората светска војна“.

Весникот ја наведе конкретната сума од евентуалното барање за воената отштета, но според претходните пресметки излегува дека Германија и должи на Грција вкупно 108 милијарди евра за обнова на уништената инфраструктура, и уште 53 милијарди евра за кредитите кои Грција од 1942 до 1944 година и ги давала на нацистичката Германија.

Тие кредити ги давала Народната банка на Грција, а биле користени за набавки и плата на германските окупациски сили.

Вкупната сума од 162 милијарди евра е околу 80 проценти од сегашниот грчки БДП, а ако Германија ја исплати оваа сума, проблемот со долговите со кој се соочува Атина во голема мера ќе биде решен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП