26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa ja ограничува загубата

Lufthansa ja ограничува загубата

luf ibm

Германскиот авиоконцерн „Lufthanza“ ја започна новата година со помала загуба. Оперативна загуба изнесува 53 милиони евра во првите три месеци по загуба од 167 милиони евра, една година порано, соопштија од компанијата. Сепак аналитичарите очекуваа подобар резултат.

Нето загуба од 8 милиони евра во споредба со профитот од 425 милиони евра за истиот квартал од минатата година.

Меѓу факторите кои помогнале за подобрување на финансиските резултати, се пониските трошоци за гориво и ниски трошоци како целина. „Ова е тренд“, изјави финансискиот директор Симоне Мене.

Приходите на „Lufthansa“ паднаа за 0,8% на годишно ниво до 6,9 милијарди евра, а главната причина е намалувањето на приходите од превози со 4% до 5,2 милијарди евра. Намалувањето се должи во голема мера на намалените цени на билетите, но и негативните ефекти од движењата на девизните курсеви, исто така одиграа улога.

Компанијата била соочена со „значителени ценовни притисоци“ во кварталот, како кај патничките превози, така и кај товарните.

Сепак имаат 120.000 вработени и листата во „Dax“, па компанија е оптимист. Таа превезувала преку авионите на „Lufthansa“ и „ќерките“ „Swiss“ и „Austrian Airlines“ 22,3 милиони патници за првите три месеци, што е за 3,6 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година.

„Lufthansa“ очекува до крајот на 2016-та година нејзиниот капацитет за превоз на патници да порасне за 6% во однос на претходната прогноза за раст од 6,6%. Компанијата ја намалува и прогнозата за растот на бројот летови од 2,3% до 2,1%.

Слично на другите традиционални авиопревозници, „Lufthansa“ се обидува да ги намали трошоците за да се справи со зголемената конкуренција од страна на нискотарифните компании и брзо растечките превозници од Персискиот залив. Компанијата се обидува да го развие сопствениот нискотарифен превозник – „Eurowings“, но новата стратегија имаше отпор од синдикатот на пилотите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП