3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит индексите паднаа, повторно загрижува Кина

На Волстрит индексите паднаа, повторно загрижува Кина

wallstreet 003

На Волстрит во вторникот цените на акциите паднаа, бидејќи слабите показатели од Кина предизвикаа пад на цените на сировините и повторно ги заживеаја стравувањата во врска со растот на глобалната економија.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,78 отсто, на 17.750 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,87 проценти, на 2.063 поени, додека Nasdaq индексот загуби 1,13 отсто на вредност и се спушти на 4.763 индексни поени.

Вложувачите на светските берзи повторно ги загрижува Кина, откако во вторникот беше објавено дека во втората според обемот светска економија активностите во производствениот сектор во април ослабеле веќе 14-ти месеци со ред.

Тоа го предизвика стравот кај инвеститорите од слабеењето на побарувачката на сировини, имајќи предвид дека Кина е најголемиот светски потрошувач на сировини, па паднаа нивните цени. Така цената на нафтата во вторникот се лизна втор ден по ред , за 2,5 отсто, поради што под притисок се најдоа акциите во енергетскиот сектор, S&P индексот на тој сектор вчера беше најголемиот губитник, со пад од 2,2 отсто.

Но ниту повеќето други сектори не минаа многу подобро, бидејќи кварталните деловни резултатите на компаниите се анемични, додека макроекономските показатели од САД и од другите најголеми светски економии не се импресивни.

„Во понеделникот цените на акциите пораснаа, а во вторникот повторно паднаа. Пазарот запна во трговскиот распон кој е на раскрсницата меѓу полна валуација и вестите кои не се нужно позитивни“, вели за Reuters Марк Лукини, стратег во компанијата „Janney Montgomerry Scott“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП