9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК очекува добри вести за грчката економија во 2017-та година

ЕК очекува добри вести за грчката економија во 2017-та година

gr eu zname 33

Европската комисија очекува подобар развој за Грција во следните месеци. Ова станува јасно од пролетните прогнози на Комисијата, посочува грчкото издание „То Вима“.

Очекувањата се дека оваа година економијата на земјата ќе продолжи да се намалува, но во рамките на 0,3%. Во претходната прогноза, објавена во есента, од ЕК покажуваа пад за економијата на нашиот јужен сосед во рамките на 0,7 отсто.

Оптимизмот сепак не запира тука, во 2017-та година Грција ќе одбележи експанзија од 2,7 отсто.

Невработеноста во земјата ќе се намалува бавно – од 24,9% во 2015-та година до 24,7% во оваа година. За следната година очекувањата се дека невработеноста во земјата ќе биде околу 23,6 отсто.

Очекувањата на Брисел, се во зголемување на јавните долгови од 176,9% од бруто домашниот производ (БДП) во 2015-та година до 182,8% во оваа година. Во 2017-та година, сепак тие повторно ќе се намалат до 178,8 отсто.

Во 2015-та година инвестициите во Грција бележат раст, иако со скромни 0,7 отсто. Во оваа година сепак ЕК прогнозира дека ќе има пад во рамките на 0,9 отсто. Во 2017-та година Грција ќе успее да привлече за 11,6% повеќе инвестиции.

Комесарот за финансиски прашања, Пјер Московичи избегна одговор на прашањето дали подобрените очекувања за Грција ќе влијаат врз преговорите за договорот за ревизија на третата спасувачка програма за земјата.

За време на презентацијата на извештајот тој беше оптимист дека Атина и кредиторите ќе успеат да постигнат договор до седницата на Еврогрупата, закажана за 9-ти мај. Грчките медиуми шпекулираат за веројатна средба меѓу министрите за финансии на Грција, Холандија, Франција, Германија, во присуство на претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер и на директорот на ММФ, Кристин Лагард, пред тој датум.

Позицијата на ЕК е дека договорот треба да биде потпишан што е можно поскоро, истакна Московичи. Според него Атина и кредиторите постигнале сериозен успех во однос на основниот пакет на мерки.

За дополнителните мерки побарани од ММФ, се уште нема напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП