22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците не им веруваат на медиумите

Германците не им веруваат на медиумите

germanija-vesnici

Повеќето граѓани на Германија сметаат дека медиумите се зависни и прилагодени на потребите на интересните групи како што се политичките и финансиските, произлегува од студијата објавена во вторникот на Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

Шесте од десетте испитани Германци сметаат дека вестите коишто медиумите секојдневно ги емитуваат, на овој или на оној начин се манипулирани, односно дека се резултат на влијание во поглед на изборот на темите и начинот на нивното презентирање, произлегува од истражувањето на јавното мнение што за јавниот сервис Bayerische Rundfunk го спровел институтот TNS.

Според овие податоци, само една третина, или 34 отсто од испитаниците, вестите ги сметаат за независни. Како фактори коишто „од заднина управуваат со медиумите“ ги наведуваат политиката, односно политичките партии, и владата, како и претставниците на економијата преку лобирање или притисокот на компаниите кои огласуваат во медиумите.

Какао најуверливи медиуми, притоа, се наведуваат јавните сервиси, списанијата и дневните весници.

Студијата доаѓа до заклучокот дека кризите изминатите години ја продлабочиле недовербата на граѓаните во општествените елит, како и дека во меѓувреме и медиумите се доживуваат како дел од „системот на моќниците коишто управуваат со земјата“.

Честопати во одговорите на испитаниците на медиумите им се припишува и соодговорноста за негативните вести, а мнозинството, или 60 проценти, веруваат дека медиумите свесно ги изоставаат мислењата коишто не им одговараат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП