1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Окта повторно со раст на вредноста

Акцијата на Окта повторно со раст на вредноста

mak berza

Со пораст од 9,94 отсто, акцијата на Окта АД Скопје го продолжи растот на вредноста втор трговски ден по ред, повторно позиционирајќи се на првото место по остварен раст, по објавата на компанијата на предлог-одлуката за распределба на дивиденда за 2015 година.

На Македонскате берза во вторникот беа истргувани вкупно 87 акции на Окта, по просечна цена од 912,00 денари за акција.

Со минимален раст на вредноста (+0,03 отсто) меѓу добитниците беше и акцијата на Алкалоид АД Скопје, додека останатите истргувани акции не ја променија својата вредност или беа во пад.

Единствена тргувана обврзница беше од шестата емисија (РМДЕН06). Просечната цена изнесуваше 98 отсто, и истргувано скромно количество од 601 лотови.

Беше остварен промет од околу 3,0 милиони денари преку 44 трансакции. Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за 0,12 проценти, додека индексот на обврзниците ОМБ за 0,02 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП