
Денеска се навршуваат 113 години од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев.


Денеска се навршуваат 113 години од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев.
Гоце Делчев беше убиен на 4 мај 1903 година, во борба со турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија.
Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.
Во зачуваните писма Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права за сиромашното население.