29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата повторно паднаа

Цените на нафтата повторно паднаа

nafta 56

Цените на нафтата падна во вторник на меѓународните берзи, бидејќи заради растот на производството на Блискиот исток и Северното море, повторно зајакна загриженоста заради прекумерната глобална понуда.

На лондонската берза цената на барелот падна за 37 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 45,46 американски долари.

На американскиот пазар барелот ослабна 37 центи на 44,41 долари.

Ирак објави дека испораките на нафта од неговите јужни подрачја во април просечно изнесувале 3,36 милиони барели дневно, во однос на 3,29 милиони во март.

Најголемата извозничка Саудиска Арабија во април произведувала 10,15 милиони барели дневно, а се шпекулира дека производството наскоро би можело да достигне до рекордните 10,5 милиони барели дневно.

И Иран го зголемува своето производство по укинувањето на санкциите во јануари.

Во моментот оваа земја извезува речиси два милиона барели дневно, во однос на милион барели дневно на почетокот на годината.

Дневното снабдување со нафта од Северното море, која се продава на лондонската берза, во јуни ќе порасне на најголемата вредност во последните четири месеци, што ќе биде 17 отсто повеќе од мај, покажуваат податоците од месечните програми за товарење.

„Понудата е толку висока што го забавува или ублажува секој раст на цените, но смалувањето на производството во САД долгорочно ќе ги поткрепува“, рече Ричасрд Малинсон од Energy Aspects.

Американското производство падна со околу 9,6 милиони барели дневно во јуни минатата година, на помалку од девет милиони, покажуваат податоците на американската влада.

Заради тоа, цените на суровата нафта од почетокот на годината, кога беа на најниското ниво во последните десет години, пораснале скоро 70 отсто.

Јакне загриженоста и за побарувачката, откако беа објавени податоците дека во април активностите во кинескиот фабрички сектор паднале 14-ти месец по ред.

Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) на своите интернет страници објави дека барел на референтната кошничка на нејзината нафта во понеделник се тргувал по 23 центи пониска цена, во однос на претходниот ден од тргувањето, од 42,47 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП