27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама е уверен дека САД треба да ги диктираат условите на меѓународната...

Обама е уверен дека САД треба да ги диктираат условите на меѓународната трговија

AP_obama8_ml_150618_16x9_992

Склучувањето на економскиот договор Транспацифичкото партнерство (TTP) ќе им овозможи на САД да ја регулираат глобалната трговија преку правилата кои нужно мора да ги следат другите земји, убеден е американскиот претседател Барак Обама.

„Подигнувањето ѕидови за самоизолација од глобалната економија само ќе нé изолираат од големите можности. Напротив, Америка мора да ги диктира правилата на светската економија. Другите страни мора да играат по правилата коишто ќе ги утврдат Америка и нејзините партнери. Транспацифичкото партнерство, е едно од нештата кои ќе ни овозможат тоа да го сториме“, пишува американскиот претседател Барак Обама во статијата објавен во понеделникот во Washington Post.

„Светот се менува, и заедно со тоа се менуваат правилата. САД, а не земјите како Кина морат да ги испишуваат“ тие правила“, додава Обама.

Договорот TTP им конкурира на другите економски договори, на кои потписник е и Кина, особено договорот за Сеопфатното економско регионално партнерство (RCEP), со кој се предвидува создавање зона на слободна трговија меѓу десет земји од АСЕАН и шест друг држави коишто веќе имаат поединечни договори со оваа пацифичка организација.

Обама во својата статија го критикува договорот RCEP, велејќи дека со него нема да биде ограничена нелојалната конкуренција, и ќе погодува на субвенционирањето на државните компании. Покрај, тоа, според американскиот претседател, споменатиот договор нема да може да ја заштити интелектуалната сопственост на американските производители, особено на уметниците, филмските уметници и претприемачите, а исто така може да ја ограничи слободата на интернетот.

„За среќа, САД имаат план кој ќе им овозможи да се гарантира работа за американските работници“, продолжува Обама. Особено, според него, договорите како TTP треба да ги отстранат ограничувањата за американските производи, вклучително и сегашните 18 илјади оданочувања на американските стоки.

„Едноставно кажано, штом профункционира TTP, американските производители ќе можат да извезуваат повеќе отколку сега. А тоа значи зголемување на бројот работни места“ во САД, резимира САД.

Постигнувањето на спогодбата за ТТР Обама го објави на 5-ти октомври 2015 година. Новиот сет економски правила се однесува на 12 земји со вкупно една милијарда луѓе. Договорот треба да биде ратификуван од секоја земја потписничка, а во САД тоа треба да го стори Конгресот каде што мнозинските републиканци се противат на договорот.

Во февруари годинава министрите за трговија на дванаесетте членки го потпишаа договорот TTP во чии рамки ќе биде создадена слободниот Азиско-пацифички регион. На пацифичките земји отпаѓа 40 отсто до светската економија, и третина од светската трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП