Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 0,5 денари, односно за денар, а на дизелот за три денари, одлучи, на првиот работен ден по празниците, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Половина денар поскапува „еуросупер БС 95“ и литар ќе чини 62,50 денари, а за денар се зголемува цената на „еуросупер БС 98“ и ќе се продава за 64,50 денари за литар.
Новата цена на литар еуродизел и на екстра лесно масло за домаќинство е повисока за три денари и ќе изнесува 47 денари, односно 35,5 денари.
Зголемување од 1,604 денари за килограм, според одлуката на РКЕ, има кај малопродажната цена на мазутот М1 НС, кој ќе се продава за 18,535 денари.
РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената на горивата врз основа на просечната цена на сирова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и курсот на денарот во однос на доларот.