Познатиот германски бренд „Volkswagen Passenger Cars“ испорача 1.43 милиони возила во првите три месеци од оваа година што е зголемување за 5.2 проценти во однос на 1.36 милиони автомобили во истиoт период од претходната година . Компанијата сепак забележа благо намалување во испораката на возила за месец март од 0.8 проценти.
Во март оваа година компанијата испорача 532.400 автомобили додека во 2012-та година оваа бројка изнесуваше 536.700 единици. „Volkswagen Passenger Cars“ оствари различни резултати на различни пазар. Додека на територијата на Азија и Северна Америка испораката беше зголемена, во Западна Европа и Јужна Америка имаа пад.
„Како што се очекуваше пазарите стануваат се потешки за функционирање, а во некои ситуации има и голем предизвик“, вели Кристијан Клингер член на Одборот на компанијата за продажба.
Во првиот квартал од оваа година компанијата испорача 396.300 возила во цела Европа, што е за друи 10.3 проценти помалку за разлика од првиот квартал од минатата година. Продажбата во Западна Европа беше во слично ниво, односно 208.800 возила наспроти 232.600 од 2012-та година.