11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит индексите зајакнаа на почетокот од седмицата

На Волстрит индексите зајакнаа на почетокот од седмицата

volstrit56

На Волстрит цените на акциите во понеделникот пораснаа, по минатонеделниот пад, благодарејќи на јакнењето на финансискиот сектор и надежите на вложувачите дека слабеењето на американскиот долар би можело позитивно да влијае врз американските извозници.

Така индексот Dow Jones зајакна за 0,66 отсто, на 17.891 поен, додека индексот S&P 500 порасна за 0,78 отсто, на 2.081 поен, а Nasdaq индексот, пак, се зголеми за 0,88 отсто, на 4.817 индексни поени.

За подемот на индексите, откако минатата седмица потонаа за повеќе од 1 процент, најмногу во понеделникот придонесе растот на акциите во финансискиот сектор за 1,1 отсто.

Меѓу најголемите добитници се најде акцијата на Amazon, со раст на цената за 3,7 отсто, откако минатата седмица оваа онлајн трговска куќа објави подобри од очекуваните квартални деловни резултати.

Од друга страна, продолжен е падот на цената на акцијата на технолошкиот гигант Apple, веќе осми трговски ден со ред, што не е забележано уште од 1998 година.

Смирувањето на пазарите, по минатонеделниот пад, дојде благодарејќи на подобрите отколку што се очекуваа деловни резултати на американските компании за првиот квартал од годинава.

Меѓутоа, тоа е последица од многу ниските очекувања. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека заработките на компаниите од составот на S&P 500 индексот во првото тримесечје паднале за 5,7 отсто во однос на истиот период минатата година. Доколку така остане до крајот на сезоната на објавувањето на деловните резултати, тоа ќе биде четвртиот квартал по ред како заработката на американските компании паѓаат на годишно ниво.

Меѓутоа, падот на курсот на американскиот долар на вложувачите им дава надежи дека ситуацијата наскоро би можела да се промени, бидејќи слабеењето на доларот би требало да ја зголеми конкурентноста на американскиот производи на странските пазари, па на мултинационалните компании би можеле да им порасната приходите и заработките.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути од најголемите трговски партнери на САД, во понеделникот падна за дополнителни 0,5 отсто, па од почетокот на годинава е во минус од 6,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП