22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожно прекинување на преговорите за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

Можно прекинување на преговорите за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

sad eu 33044

Прекинот на преговорите околу договорот за Трансатланското партнерство за трговија и инвестиции (TTIP) е „најизвесната опција“, имајќи го предвид американскиот став, оцени во вторникот францускиот државен секретар за надворешна трговија, Матијас Фекл.

„Имајќи го предвид ставот кој денес го имаат САД, тоа е најизвесната опција“, рече Фекл за радиото Europe 1.

Меѓународната еколошка организација Greenpeace во понеделникот објави 248 страници тајни документи за преговорите, во кои се наведуваат негативните последици од TTIP на здравјето и природната средина. Фекл, пак, наведе дека веќе една година го критикува ставот на САД.

„Сакаме реципроцитет. Европа нуди многу, а за возврат добива малку. Тоа не е прифатливо“, рекол францускиот претставник. Тој додал дека Париз сака француските мали и средни претпријатија да имаат пристап до американскиот пазар и дека сака да го заштити своето земјоделство и географско потекло на стоката.

Франција неодамна предупреди дека ќе ги прекине преговорите за TTIP доколку наскоро нема напредок. „Реков ланскиот септември дека, доколку нема напредок, би требало да ги прекинеме преговорите. Таа опција уште е на масата. Свесни сме дека некои земји сакаат договор по секоја цена во рокот што го диктираат американските избори. Тоа не е француски пристап“, изјави францускиот министер за трговија Матијас Фекл на 19-ти април, на маргините од конференцијата за TTIP во Париз.

Францускиот социјалистички претседател Франсоa Оланд, исто така, е против TTIP, во неговата изјава дадена на 14-ти април во телевизиското интервју за France 2. „Франција секогаш може да каже не. Доколку нема реципроцитет, доколку нема транспарентност, доколку има опасности за земјоделците, ако немаме пристап до јавните набавки во САД, а САД имаат пристап до сето она што ние овде го работиме, тогаш нема да се согласам“, вети Оланд кого следната година напролет го очекуваат претседателските избори, а популарноста му е рекордно ниска.

Шеесет француски социјалистички пратеници и сенатори апелираа на почетокот од април во напис во дневниот весник Le Monde францускиот парламент „да не биде замолчен“ по тоа прашање, критикувајќи го „недостигот од транспарентност“ во преговорите за TTIP. „Никој не знае што содржи TTIP, а оваа година би требало да биде склучен“, предупредија.

Во пресрет на последната рунда од преговорите за TTIP, германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел рече дека Американците не сакаат да ги отворат своите јавни тендери за европските фирми и дека тоа е сосема спротивно на слободната трговија. Минатата недела во Њујорк беше отворена нова рунда од преговорите за овој договор, чија цел е формирање на најголемата зона на слободна трговија, со население од 800 милиони луѓе.

Финализирањето на договорот беше планирано за оваа години, но се чини дека разликите се премногу договор за да тие да може да се надминат до крајот на 2016-та. Критичарите на договорот предупредуваат дека тој би можел да ја загрози заштитата на потрошувачите и еколошките стандарди, како и да отвори можност мултинационалните компании да ги оспорат законите на државите пред некои арбитражни судови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП