19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPuma забележа скок на профитот

Puma забележа скок на профитот

puma1

Германскиот производител на спортска опрема „Puma“, оствари скок на нето профитот од 4 проценти во првиот квартал од оваа година, на 25,8 милиони евра.

Компанијата очекува уште поголем раст поради големите спортски настани како што се Европското првенство во фудбал во 2016 и Олимписките игри во Бразил.

Како и нивниот ривал „Adidas“ кој претходната недела ги зголеми деловните прогнози на темел на силните резултати во првиот квартал, од „Puma“ известија за сјаен почеток на деловната година, и покрај негативните ефекти на девизниот курс, пренесува агенцијата АФП.

„Бизнисот во првиот квартал од 2016 година се одвиваше како што очекувавме“, изјави генералниот директор Бјорн Гулден, истакнувајќи дека е забележан органски раст во сите сегменти на работењето и во сите региони, иако движењето на одделни валути влијаело како на искажаната добивка, така и на резултатите од продажбата.

Оперативната добивка на компанијата порасна за 10,1 проценти, на 41,3 милиони евра, благодарение на зголемената продажба од 3,7 проценти на 851,9 милиони евра, се наведува во соопштението на „Puma“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП