22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет: Изборот на претседател нема да ѝ наштети на економијата на САД

Бафет: Изборот на претседател нема да ѝ наштети на економијата на САД

03DB-SORKIN-master768

Изборот на следниот американски претседател ќе биде од значење за целиот свет, но нема да ѝ наштети на американската економија, оцени американскиот милијардер и инвеститор, Ворен Бафет.

Гостувајќи на американската телевизија CNBC, Бафет изјави дека верува во американската економија. „Изборот на погрешен претседател нема да ѝ наштети на економијата“, рече Бафет, кој е поддржувач на кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон.

Бафет се осврнал и на политиката на американската централна банка, Федералните резерви, наведувајќи дека оваа институција, генерално гледано, направила добра работа, но дека тешко е да се предвидат последиците од задржувањето на каматните стапки на толку ниско ниво.

Според него, никој не може да ги предвиди последиците на долг период од ниските каматни стапки, бидејќи тоа никогаш претходно не се случило, но американската економија значајно се опоравила од рецесијата од 2008-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП