17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата со фалсификувана стока е поголема од трговијата со дрога (фото+видео)

Индустријата со фалсификувана стока е поголема од трговијата со дрога (фото+видео)

falc 334

Индустријата со фалсификувана стока е поголема од трговијата со дрога, изјави за „БНР“ Пјотр Стрижовски од Организацијата за соработка и економски развој (OECD). Тој е автор на студијата за трговијата со имитирани и фалсификувани стоки, според која 2,5% од светската трговија се врши со овие производи.

Според зборовите на Стрижовски анализите кои се базирани според податоците собрани од организацијата покажуваат дека во 2013-та година увозот на фалсификувани производи достигна 461 милијарди долари, што претставува 2,5% од светската трговија. Само за Европската унија (ЕУ) износот достигнува 116 милијарди долари, или 5% од увозот на Унијата.

Експертот додава дека овие бројки претставуваат само дел од реалните податоци и најверојатно се многу блиски до вистинските вредности, но во нив не е вклучено домашното производство на фалсификувани производи, бидејќи за него не можат да бидат собрани точните податоци.

falc 333

„Ова сепак значи дека индустријата со фалсификувани производи е поголема од онаа со дрогата“, категоричен е Стрижовски.

Според него, истражувањето покажува дека Кина е најголемиот производител на фалсификувани производи, но локалните компании исто така страдаат од фалсификување и реплицирање на нивните производи.

„Во Германија исто така има големо производство – на автомобили, машини, но германската „лажна индустрија“ е речиси нула, споредено со она што се случува во Кина“, вели експертот.

Анализата открива уште дека најчесто фалсификуваните производи се насочени кон развиените земји или групи од земји, најчесто ЕУ и САД. Причината за ова е дека луѓето во развиените земји се подготвени да платат повеќе за да добијат одредена марка, но тоа не значи дека другите земји се заштитени.

Стрижовски тврди дека секое нешто што има марка и го носи нејзиното лого, може да биде фалсификувано, а додека луѓето се подготвени да платат за даден бренд, тој ќе биде интересен на фалсификаторите.

Според анализата најчесто фалсификувани се обувките, облеката и електронските машини, играчките, часовниците и дел од фармацевтските производи. Предмет на најчесто користената имитација се марките кои се распространети низ целиот свет, а најпогодени се обуките „Nike“.

Не се фалсификуваат само луксузните марки, тврди Стрижовски. Според него, тоа се случува и со многу евтини, дури и нискоквалитетна стока, носејќи ризик за здравјето и безбедноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП