18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBBC: Европската унија ќе ги отвори вратите за Турција

BBC: Европската унија ќе ги отвори вратите за Турција

eu-turcija-vizi

Европската комисија (ЕК) ќе и даде условена дозвола на Турција за движење во Шенген зоната без визи, дознава BBC.

Овој потег на ЕК е дел од договорот помеѓу Европската унија и Турција околу мигрантската криза и претставува „контра услуга“ за официјална Анкара, која се согласи да прифати назад дел од мигрантите кои преку морето стигнале до Грција.

Одлуката за слободното движење на турските државјани внатре во ЕУ ќе мора да биде одобрена во Европскиот парламент, а Турција секако ќе мора да се придржува кон правилата кои важат за членките на Унијата.

Како што истакнува ВВС, ЕУ стравува дека Турција би можела да се откаже од договорот за мигрантската криза, доколку не и биде овозможено движење низ ЕУ без визи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП