20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHalliburton и Baker Hughes се откажаа од спојувањето

Halliburton и Baker Hughes се откажаа од спојувањето

hallibruton 333

Нафтената компанија со седиште во Тексас, САД, „Halliburton“, која е втора по големина во светот за услуги во нафтениот сектор, се откажа да се спои со својот помал конкурент „Baker Hughes“, пренесе „Bloomberg“.

Најнапред веста ја објави во неделното електронско издание „Wall Street Journal“, по што двете компании ја потврдија во соопштението.

Концерните кои се втората и третата по големина компании, беа поставиле краен рок крајот на април за завршување на трансакцијата. Во рокот до 4-ти мај „Halliburton“ треба да плати на „Baker Hughes“ надомест за пропаднатиот договор во износ од 3,5 милијарди долари.

Одлуката за одбивање е донесена откако американското Министерство за правда поднесе тужба во почетокот на април, барајќи судот да престане со предложеното спојување со аргументот дека тоа ќе остави само два големи даватели на услуги при дупчење и градежна активност во светскиот нафтен сектор. Другата голема компанија е лидерот „Schlumberger“.

Договорот се проценуваше на 35 милијарди долари, кога беше објавен во ноември 2014-та година, а сега вредноста е намалена на 28 милијарди долари.

Со сопојувањето ќе создадеше компанија со вредност од 67 милијарди долари, и ќе обезбедуваше работа на барем 140 илјади лица. Исто така тоа ќе им помогнеше на „Halliburton“ и „Baker Hughes“ да се натпреваруваат со лидерот во секторот „Schlumberger“. И трите компании трпат загуби од поевтинувањето на нафтата во последните месеци, предизвикана делумно од бумот на енергетското производството во САД, што го преплавија пазарот со нафта и природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП