18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорторико пред банкрот, не може да го врати долгот од 422 млн...

Порторико пред банкрот, не може да го врати долгот од 422 млн долари

portoriko-guverner

Порторико се најде во понеделникот во ситуација да не може да го врати долгот од 422 милиони долари откако преговорите со кои се настојуваше да се дојде до решение на кризата во овој дел од американската територија, не резултираа со договор.

Гувернерот на Порторико, Алехандро Гарсиа Падиља, во телевизиско обраќање рече дека издал извршен налог за суспендирање на исплатата на долгот. Тоа, како што рече, била тешка одлука, но додаде и дека од минатата година предупредувал дека јавниот долг на оваа островска земја во висина од над 70 милијарди долари е невозможно да биде вратен.

Американскиот Конгрес, исто така, безуспешно се обидуваше да постигне договор за надминување на овој проблем.

„Сакам јасно да кажам дека станува збор за тешка одлука. Помило ќе ни беше доколку имавме правна рамка за реструктуирање на нашите долгови на контролиран начин“, кажа Гарсија во телевизиското обраќање. Претходно во текот на викендот гувернерот предупреди дека доколку долгот не биде подмирен, кредиторите најверојатно ќе преземат правни потези.

Порториканските функционери преговараа со група кредитори кои држат четири милијарди долари во државни обврзници на оваа островска земај, во обидот да го реструктуираат долгот. Некои кредитори тврдеа дека Порторико ја предимензионирал кризата и дека економските реформи ќе ја подобрат состојбата на неговите државни финансии.

„Владата знаеше дека државната развојна банка беше темпирана бомба и дека досега ништо конструктивно не е преземено за да не ги снајде ситуацијата да не можат да ги вратат долговите“, изјави Артуро Порзекански, економист и стручњак за државни долгови на Американскиот универзитет во Вашингтон, во разговорот за Reuters.

„Таквиот пристап укажува на сето она што било лошо во начинот на кој Порторико ја решавал ситуацијата со влошената финансиска ситуација“, додава.

Американскиот Конгрес има пауза до 9-ти мај. „Доколку Конгресот не го одобри механизмот за реструктуирање на нашиот долг, 3,5 милиони американски граѓани кои живеат во Порторико ќе продолжат да ги трпат негативните последици“, рече гувернерот Гарсија Падиља.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП