18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle ја освежи својата онлајн продавница

Google ја освежи својата онлајн продавница

zx450y250_2038813

„Google“ започна постепено да ја шири обновената онлајн продавница на „Android“ до сите паметни телефони со овој оперативен систем. Компанијата соопштува дека процесот ќе потрае неколку недели и ќе ги опфати сите уреди со „Android 2.2“ и поновите верзии.

Главните промени во „Google Play“ се на дизајнот на онлајн продавницата. Според компанијата новата визија е едноставна и е многу полесна за користење.

Главната цел е да се става фокусот на содржината што се нуди. Сликите се поголеми и земаат голем дел од екранот.

Дизајнот е така преработен да го олеснува брзото изнаоѓање на музика, видео и други дигитални содржини. Олеснета е и постапката за купување на платени наслови.

Новиот „Google Play“ ќе става акцент и дополнителните препорачани содржини и апликации. Обновувањето на паметните телефони ќе биде автоматски без интервенција од страна на корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП