25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралиецот Крег Рајт потврди дека е креатор на биткоинот

Австралиецот Крег Рајт потврди дека е креатор на биткоинот

bitcoins

Австралискиот претприемач Крег Рајт изјави во понеделникот за медиумите дека тој е креаторот на контроверзната виртуелна дигитална валута биткоинот, со што стави крај на неговото криење под псевдонимот Сатоши Накамото.

Принципите за функционирањето на оперативната мрежа за емисии на биткоините беа објавени во 2008 година, потпишани со псевдонимот Сатоши Накамото. Во декември минатата 2015 година, американскиот магазин Wired и блогот Gizmodo, првпат открија, но без цврсти докази, дека зад виртуелната валута стои всушност Австралиецот Грег Стивен Рајт. Тие го базираа своето тврдење врз основа на документи и електронски писма, нарекувајќи го Рајт гениј.

Во понеделникот Рајт јавно потврди и пружи докази дека го осмислил софтверот кој е заслужен за постоењето на биткоинот. BBC наведува дека Австралиецот дал технички доказ кој го поткрепува неговото тврдење дека е креаторот на дигиталната валута, а тоа го потврдиле и влијателни членови на заедницата на биткоинот.

„Јас бев главен дел од тоа, но ми помогнаа и многу други луѓе“, изјавил Рајт истовремено за BBC, The Economist и магазинот GQ.

Тој минатата година беше последниот во низата лица кои медиумите веќе неколку години го прогонуваат како таинствениот, или сепак повеќето од нив, информатичари креатори на биткоинот, валутата за која се заинтересираа банките, шпекулантите, криминалците и законодавците.

Блогот Gizmodo, пак, тврдеше дека Австралиецот Рајт и американскиот информатичар Дејв Клејмен, кој починал во 2013 година, заедно се вмешани во создавањето на биткоинот. Ресурсот своите тврдења ги поткрепуваше со доверливите документи и пиратскиот увид во неговата електронска пошта, во којашто Рајт наводно неколкупати навел дека тој е Накамото.

Рајт во понеделникот појасни дека самиот се нарекол Накамото во чест на јапонскиот трговец и филозоф од XVI век Томинага Накамото, кој ги критикувал нормативните принципи на размислување во неговата ера и се залагал за слободна трговија.

Биткоинот (Bitcoin) е виртуелна валута која се појави во 2009 година. Валутата може да се користи за електронски финансиски трансакции, вклучително и купување од онлајн продавниците за реали стоки и услуги. Покрај тоа, постои можноста и за размена на биткоинот за некоја д традиционалните валути преку платформа за конверзија.

На 26-ти април годинава биткоинот доби лиценца за употреба во целата Европската унија, откако дозволата за тоа ја даде Министерството за финансии на Лускембург.

„Со ова, Bitstamp е во можност да учествува во бизнисот во сите 28 земји членки на ЕУ“, рече минатиот вторник Ден Морхед, извршен директор на „Bitstamp“ и на „Pantera Capital“, фирма која е специјализирана за инвестиции поврзани со биткоинот.

Откако оваа дигитална валута се најде во неколку хакерски скандали и така ја загуби својата вредност, со овој потег на Европската унија, би требало да ја врати на респектабилно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП