Британските власти соопштија дека заедно со Франција, Германија, Шпанија и Италија потпишале договор за размена на податоци и соработка во борбата против даночното затајување.
Британската влада вели дека во овој пилот-проект ќе биде овозможена автоматска размена на информации помеѓу овие пет земји, пренесува агенцијата АП.
Државниот секретар во британското министерство за финансии, Дејвид Гок, изјави дека оваа програма ќе воспостави нови стандарди во директната размена на информации за даночните обврзници.
Британската влада неодамна соопшти дека нејзиниот приоритет ќе биде борбата против даночното затајување, со цел да се намали ваквата пракса и да не се оштетува државниот буџет.
Земјите со потпишувањето на овој договор се убедени дека ваквиот тренд на даночно затајување ќе биде драстично намален, тие сметаат дека заедничката соработка ќе помогне оваа цел побрзо да се оствари.