25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската туристичка понуда претставена на саем во Ниш

Македонската туристичка понуда претставена на саем во Ниш

саем-мак-тури

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на Македонија на 17-тиот по ред саем за туризам во Ниш, Србија, заедно со повеќе од 140 излагачи од земјата и регионот.

Покрај активниот одмор што е главна тема на саемот, оваа година акцентот е ставен на гастрономската и винската понуда, со што за време на меѓународниот саем за туризам во Ниш (26-28 Април 2016) посетителите имаа можност да дегустираат македонски ајвар, сирење и вино.

За време на саемот, делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оствари бројни состаноци со агенции од регионот кои ја нудат и соработуваат со Македонија.

Fly Fly Travel и Marco Polo го изразија своето задоволство од интересот што постои за Македонија кај нивните клиенти, а воедно и најавија поголем број на српски туристи кои планираат да го посетат Охрид за време на велигденските празници за разлика од минатата година.

Состаноци беа остварени и со ЈУТА – Асоцијација на српски туристички агенции, Националната Агенција за туризам на Србија и Националната туристичка организација на Ниш со што уште еднаш е потврдена потребата од заедничка соработка со цел привлекување на странски туристи од далечни пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП