12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФиат најголем извозник во Србија

Фиат најголем извозник во Србија

fijat-mijat

Вредноста на извозот на 15-те најголеми извозници во Србија во првите три месеца од 2016 година изнесуваше 981,1 милиони евра, а најголем извозник и натаму е Фиат Крајслер автомобили Србија со извоз од 312,4 милиони евра, објави Министерството за финансии на Србија.

На листата водечки извозници на второ место е Тигар тајерс од Пирот со извоз во првиот квартал од 85 милиони евра, на трето место е Железарница Смедерево, чиј извоз изнесува 55,4 милиони евра.

Следат компаниите Филип Морис од Ниш со 51,6 милиони евра, Југоимпорт СДПР со извоз од 44,6 милиони евра, ХИП Петрохемија од Панчево со 44,4 милиони евра и Нафтената индустрија на Србија со 41,7 милиони евра.

Тетра пак од Белград е на седмо место со извоз од 40 милиони евра, а зад него се Јура корпорација од Рача со 37,8 милиони евра и компанијата Горење, која извезла стока во вредност од 37,3 милиони евра.

На листата најголеми извозници е и Викторија група со извоз од 36,1 милиони евра, МК група со 35 милиони евра, Хемофарм со 34,4 милиони евра, Леони од Прокупље со 33,8 милиони евра и компанијата Бош со 28,8 милиони евра извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП