26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на заработката и бројот на патници на Etihad

Раст на заработката и бројот на патници на Etihad

etihad

Авиокомпанијата „Etihad“ оствари нето профит од 103 милиони долари во минатата година, додека тоталната заработка изнесувала повеќе од 9 милијарди долари.

За ваквиот профит „Etihad“ може да му се заблагодари на растот на бројот на патници и обемот на работа, соопштија од компанијата.

Во соопштението се наведува дека компанијата од Обединетите Арапски Емирати бележи профитабилност петта година по ред.

Вкупниот профит во 2014 година изнесувал 73 милиони долари, додека тоталната заработка била 7,6 милиони долари.

„Etihad“, чие седиште се наоѓа во Абу Даби, во минатата година превезол 17,6 милиони патници, што е зголемување од 19 проценти во однос на бројот на патници во 2014 година.

Растот на профитот покажува успешност на деловната стратегија и добрата соработка со партнерите на „Etihad“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП