27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави стапката на раст на БДП на Британија во првиот квартал

Забави стапката на раст на БДП на Британија во првиот квартал

velika-britanija-britanija

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) на Британија во првиот квартал забави поради големиот пад на активностите во градежниот и преработувачкиот сектор, покажаа денес објавените официјални податоци.

БДП на Британија во периодот јануари-март порасна за 0,4 проценти, според прелиминарните проценки на Националната канцеларија за статистика (ONS), пренесува агенцијата Франс прес.

Таквите податоци се пониски во однос на растот од 0,6 проценти од четвртиот квартал од 2015 година и се последица од падот на активностите во градежниот сектор од 0,9 проценти и во преработувачкиот сектор од 0,4 проценти.

Од друга страна, британскиот услужен сектор, кој сочинува речиси 80 проценти од британската економија, оствари раст од 0,6 проценти.

„Денешните податоци говорат дека економскиот раст забави. Услужниот сектор продолжува да и дава поттик на економијата, но другите сектори остварија пад.“, изјави главниот економист на ONS, Џо Грајс.

Во меѓувреме расте неизвесноста околу исходите на британскиот референдум за членството во Европската унија кој се одржува на 23 јуни, оценува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП