27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТелеком во фокусот на вложувачите на Македонска берза

Телеком во фокусот на вложувачите на Македонска берза

mak berza

Промет од 20,8 милиони денари и 40 трансакции е билансот oд вчерашниот трговски ден на Македонската берза, при што повторно во голем обем се тргуваше со акциите на Македонски Телеком.

Индексот МБИ10 во тргувањето во средата ја намали својата вредност за 0,36 отсто, додека индексот на обврзниците ОМБ остана без промена.

Повторно голем обем на тргување беше забележан со акцијата на Македонски Tелеком, ситуација слична како пред две седмици. Конкретно, 78 отсто од вкупниот промет вчера, или 60.172 лотови, беа истргувани по просечна цена од 270,23 денари, и пад на цената од 4,01 отсто.

Втора по промет беше акцијата на НЛБ Тутунска банка, со 1,9 милиони денари и 268 лотови истргувани по цена од 7.399,03 денари.

Соодносот на добитници и губитнице во средата беше во полза на губитниците, и тоа шест наспроти четири хартии, додека со три хартии од вредност се тргуваше по цените исти како и претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП