10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата на највисоко ниво во 2016

Цената на нафтата на највисоко ниво во 2016

nafta555

Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари на највисокото ниво во оваа година, поттикнати од падот на доларот и новите докази за падот на американската понуда, и се на патот на најсилната месечна изведба од април минатата 2015 година.

На лондонскиот пазар цената на барелот сирова нафта порасна за 1,03 долари во однос на вторникот, на 46,77 долари, поскапувајќи досега во април речиси 20 отсто, и е на пат да оствари најголем едномесечен раст во последните година дена. Во претпладневното тргување го достигна највисокото ниво во 2016 година од 46,81 долари.

На американскиот пазар, пак, во средата со барелот се тргуваше по 86 центи повисока цена отколку на затворањето на претходното тргување, од 44,90 долари.

Засебно, Организацијата на земји извознички на нафта (OPEC) објави дека со барелот од референтнара кошница нејзина нафта во вторникот се продавала по 48 центи повисока цена, отколку во понеделникот, од 39,88 долари.

На лондонскиот пазар цените на нафтата беа поттикнати од податоците за падот на производството од шкрилци во САД и во Северното Море, како и веста дека Саудиска Арабија и Кувајт нема потесно да соработуваат во повторното заедничко управување со нафтеното поле Кафџи, од кои се црпеше од 280 до 300 илјади барели дневно пред затворањето поради еколошки проблеми во октомври 2014 година.

Цената на американскиот пазар ја поттикна податоците од Американскиот институт за нафта дека минатата седмица резервите на сирова нафта пораснале близу 1,1 милион барели, додека аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваа зголемување за 2,4 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП