10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтинската берза се приклучува на SEE Link

Атинската берза се приклучува на SEE Link

сее

Атинската берза поднесе барање за придружување на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност SEE Link, која ја основаа Македонската, Бугарската и Загрепската берза а стана целосно оперативна на 29-ти март годинава, со што платформата е проширена на седум пазари во регионот, соопштено е во средата.

По Белградската, Љубљанската и берзата во Бања Лука, Атинската е четвртата берза која аплицираше за пристап до SEE Link. Со тоа, покрај трите берзи основачи, платформата се проширува на вкупно седум пазар, се истакнува во соопштението.

Белградската и Љубљанската беза се придружија на SEE Link кон средината на февруари годинава кога потпишаа спогодба за придружување на самитот Western Balkans Investment кој се одржа во организација на ЕБРД во Лондон.

Се потсетува дека проектот го покренаа Македонската, Бугарската и Загрепската беза, со цел да се создаде регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност на споменатите три пазара, За целиот проект да му се даде неопходната правна рамка, трите берзи основачи во 2014 година формираа заедничко друштво чие седиште е во Скопје, со еднакви удели во сопственоста.

Функционалноста на платформата, која ја поддржа Европската банка за обнова и развој (ЕВБРД), беше објавена на годишната конференција на Македонската берза. Од ЕБРД притоа ја осигурија поддршката во износ од 540.000 евра, наменета за воспоставување техничко решени за платформата за проследување на берзанските налози, додека секоја берза учесник во проектот придонесе со по 80.000 евра, наменети за капиталното зајакнување на SEE Link.

Платформата ќе овозможи интеграција на регионалниот пазар на капиталот, чијашто пазарна капитализација изнесува околу 30 милијарди долари, во речиси 400 хартии од вредност котирани на трите берзи, а за позитивно да се влијае на ликвидноста и за да се овозможи поедноставен и поефикасен пристап за инвеститорите и локалните брокери.

Двата ткн „bluе chip“ регионални индекси наречени SEE LinX и SEE LinX EWI почнаа да се пресметуваат од 1-ви април, а би требало дополнително да ја зголемат активноста на пазарите. Индексите се состојат од десетте најликвидни регионални акции котирани на трите берзи, и тоа пет од Хрватска, три од Бугарија и две од Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП