22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на индустриското производство во месец март

Индексите на индустриското производство во месец март

Sisak 260906, Valjaonica cijevi Sisak za koju predsjednik uprave Damir Begovic kaze da tvornicu treba sto prije prodati. Pogon celicane. Foto : Miroslav Kis / Cropix

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2016 година, во однос на март 2015 година, изнесува 108.9.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи опаѓање од 7.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.2%.

Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2%, Капитални производи за 63.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 19.9% и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 26.8%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2016 година, во однос на периодот јануари – март 2015 година, изнесува 110.7.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2016 година, во однос на март 2015 година, изнесува 102.1.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст од 1.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2.8 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 3.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.3%, Капитални производи за 18.2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.7%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2016 година, во однос на периодот јануари – март 2015 година, изнесува 101.8.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП