25 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAT&T губи телевизиски претплатници, но нејзиниот профит ги надмина очекувањата

AT&T губи телевизиски претплатници, но нејзиниот профит ги надмина очекувањата

att 3

Вториот најголем провајдер на безжичен интернет во САД, „AT&T“ објави дека изгубил телевизиски претплатници и се здобил со помалку од очекуваните клиенти на своите услуги за безжичен интернет во првото фискално тромесечје, иако профитот ги надмина очекувањата, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на „AT&T“, кои забележаа раст од 10,7% од почетокот на годината, се намалија за 2 отсто за време на берзанската трговија.

„AT&T“ се обидува да открие нови извори на приходи во презаситениот пазар на безжични услуги и го стекна давателот на сателитска телевизија „DirecTV“, за да може да нуди пакети од широкопојасен интернет, телевизија и фиксна телефонија. „AT&T“ е во рана фаза на имплементација на овој план по завршувањето на спојувањето вредно 48,5 милијарди долари во јули, со што ја создаде најголемата компанија за платена телевизија во земјата.

„AT&T“ соопшти дека добил 328.000 претплатници на „DirecTV“ во кварталот што заврши на 31-ви март. Но истовремено загуби 382.000 клиенти на „U-Verse“ телевизиските услуги. „AT&T“ се бори со добавувачите на безжичен интернет како „Verizon Communications“ и „T-Mobile“ за привлекување на претплатници, така што привлекла 129.000 претплатници на договор во кварталот. Претплатниците на договор, кои ги плаќаат сметките секој месец имаат тенденција да трошат повеќе отколку припејд корисници.

Зголемувањето се покажа под просечната прогноза на аналитичарите за 287.000 нови претплатници на договор според компанијата за пазарни истражувања „FactSet Street Account“.

„AT&T“ има регистрирани повеќе од 3 милиони претплатници на своите безжични интернет услуги, откако воведе повторно неограничен безжичен пренос на податоци за претплатниците на безжични услуги, кои имаат „DirecTV“ и „U-Verse TV“, објави главниот финансиски директор Џон Стивенс за време на прогласувањето на финансиските резултати.

Нето добивката на „AT&T“ се зголеми до 3,89 милијарди долари од 3,26 милијарди долари една година порано. Ако зборуваме за заработка по акција, нето добивката е намалена до 61 центи од 63 центи. Ако се исклучат некои елементи, компанијата со седиште во Далас има заработено 72 центи по акција, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за 69 центи по акција според Thomson Reuters.

Вкупните оперативни приходи пораснале за 24,4% до 40,53 милијарди долари, така што ја надминуваат прогнозата на аналитичарите за 40,47 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП