6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска ги намалува прогнозите за економскиот раст

Данска ги намалува прогнозите за економскиот раст

danskata 333

Речиси четиригодишниот период на негативни каматни стапки го вознемири бизнисот во Данска, каде инвестициите се успоруваат покрај рекордното поевтино кредитирање.

Властите во земјата ги намалуваат прогнозите за економскиот раст во оваа година, бидејќи комбинацијата од ниските цени на нафтата, слабиот извоз и одложените корпоративни инвестиции ја принудуваат владата да признае дека неговите претходни очекувања биле премногу оптимистички.

БДП ќе порасне за 1,1% во 2016-та година, а не за 1,9% каква што беше прогнозата од декември, покажуваат документи на Министерството за финансии, наменети за Европската комисија и до кои „Bloomberg“ тврди дека има пристап.

Властите проценуваат уште дека инвестициите во приватниот сектор ќе се изедначуваат со 16,1% од БДП во оваа година во споредба со просекот од 18,1 отсто меѓу 1990-та и 2012-та година,  во меѓувреме уделот на штедење во приватниот сектор ќе достигне 26% од БДП во оваа година во однос на просечните 21,3% годишно во текот на 20-те години, пред Данска да воведе негативни каматни стапки.

„Неодамнешните студии покажуваат дека реалните каматни стапки не се сите што одредуваа дали компаниите сакаат да инвестираат, тие имаат потреба и од јасност за економските перспективи“, вели Јес Асмусен, главен економист во „Handelsbanken“ во Копенхаген.

„Владата призна дека економијата е во средината на криза со слаб раст и е многу тешко да се процени кои фактори можат да ја извадат економијата од оваа криза. Очигледно има потенцијал инвестициите да почнат да растат, но за таа цел економските прогнози треба да се зголемат значително“, вели тој.

Депозитната камата во Данска е негативна од средината на 2012-та година и повеќето аналитичари очекуваат стапките да се вратат кон позитивни вредност најрано во 2018-та година.

Данските власти прогнозираат раст на БДП од 1,7 отсто во 2017-та година. Оваа година буџетскиот дефицит ќе биде 2,3% од БДП, што е подобро од претходната прогноза за 2,8%. Во 2017-та година дефицитот ќе се намали до 1,9%.

Владата го намали предвидувањето за приносот на државните обврзници, а вредноста ќе се намали за 25 базични поени во оваа и следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП