5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција најинтересна земја за туристите

Франција најинтересна земја за туристите

pariz

Според истражувањето на Светската туристичка организација, Франција е најинтересна за туристичките тури со рекорден број на посетители – 86,3 милиони.

На второ место е Кина, која во 2015 година имала 56,9 милиони туристи, а следат Италија со 50,8 и Турција со 39,3 милиони.

Германија е петта најпосетена туристичка дестинација со 35 милиони туристи, а следат Велика Британија со 33,9, Мексико со 32,4 и Русија со 31,6 милиони туристи.

Овие податоци особено добро се примени во Русија, чиј туризам започна да закрепнува по санкциите.

Најголем проблем беа луксузните хотели, во кои степенот на пополнетост сега достигна десетгодишен максимум.

Побарувачката ја обезбедија самите Руси, кои сега повеќе време поминуваат во земјата, а „пораснаа“ и буџетите на големите компании кои со голем замав азиските туристи ги префрлуваат во Москва и Санкт Петербург – се попривлечните дестинации за шопинг, наведуваат руските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП