17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакцијата со акциите на Макпетрол

Блок трансакцијата со акциите на Макпетрол

mak berza

На Македонска берза во вторникот се тргуваше со вкупно 15 хартии од вредност при што вкупниот промет изнесуваше 11,1 милиони денари, а поттик даде невообичаениот обем на истргувани акции на Макпетрол.

Најголемо учество во класичното тргување имаше тргувањето со акцијата на Прилепска пиварница АД Прилеп, со вкупно истргувани 102 акции по просечна цена од 29.000 денари.

Дополнително придонес даде блок трансакцијата со акциите на Макпетрол АД со солиден промет од над 6,3 милиони при истргувано несекојдневно количество од 365 акции, по просечна цена од 17.266 денари.

Губитничката листа остана помалку бројна од листата на добитниците, конкретно односот беше четири наспроти пет. Од добитниците најголем раст имаа акциите на Компани Боем АД Штип со зголемување на вредноста за дури 534,6 отсто, со истргувано количество од само 18 акции, а од губитниците најмногу падна акцијата на Емо Охрид, и тоа за 25 отсто.

Што се однесува до идексите МБИ-10 имаше минимален пад од 0,25 отсто, со што ја продолжи негативната серија, додека ОМБ остана непроменет.

Пекабеско АД Скопје ги објави неревидираните финансиски извештаи на компанијата за првиот квартал од 2016 година, каде е евидентирана добивка на компанијата од 315 илјади евра во споредба со истиот период минатата година кога добивката изнесуваше 35 илјади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП