3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБитолско Логоварди ќе добие повеќенаменско игралиште

Битолско Логоварди ќе добие повеќенаменско игралиште

logovardi

Согласно предвидената програма на општина Битола, градежни активности се реализираат и во урбаниот и во руралниот дел, во чии рамки градоначалникот на Битола во вторникот го посети селото Логоварди каде во тек е изградба на повеќенаменско игралиште.

„Пред извесно време тука направивме асфалтирање на улиците до еден километар. Се разбира дека треба да завршиме и со некои други интервенции, но голема желба и интерес на мештаните беше да имаат едно повеќенаменско игралиште. Се работи за игралиште кое што ќе биде за мал фудбал, ракомет и одбојка. Очекуваме најдоцна за 60 дена активностите да бидат завршени. Вредноста на ова игралиште е 1 600 000 денари“, рече градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

За руралниот дел, во завршна фаза е изборот на надзор за средување на каналската мрежа во Логоварди, Поешево и Егри. Откако документацијата ќе биде комплетирана ќе започнат активностите и на овие места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП