3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСметките за струја нема да може да се плаќаат за велигденските празници,...

Сметките за струја нема да може да се плаќаат за велигденските празници, се надградува системот

sm

Корисниците на електрична енергија нема да можат да ги платат сметките за струја на наплатните пунктови на ЕВН Македонија и електронски, за време на велигденските празници, туку само во банките и во поштите, поради надградба на системот.

Со цел подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците, ЕВН Македонија планира надградба и одржување на постоечкиот систем за наплата.

За оваа цел ќе се искористи пeриодот од 28 април 2016 година, (четврток), од 15.30 до 3 мај 2016 година, (вторник), до 7.30, кога фреквенцијата на наплатните пунктови на ЕВН Македонија е намалена поради претстојните велигденски и првомајски празници.

„Ги известуваме сите наши корисници, деловни партнери и надворешни соработници дека во овој период не ќе можат да ги користат електронските услуги на ЕВН, како електронското плаќање на сметките и сите други информации од центарот за односи со корисниците кои се поврзани со системот за наплата“, соопштија од ЕВН Македонија.

Плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија како и досега ќе може да се изврши во сите банки и пошти.

На располагање останува телефонскиот броj за информации (0890 88888) во Центарот за односи со корисници каде што може да се пријават евентуални проблеми во снабдувањето со електрична енергија и барања поврзани со конкретни  услуги на ЕВН.

На сите барања и прашања евидентирани во контакт центарот ќе биде одговорено во најбрз можен рок по воспоставување на новите софтверски решенија, додаваат од ЕВН Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП