5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија преку „Визија 2030“ ќе се ослободи од економската зависност од...

Саудиска Арабија преку „Визија 2030“ ќе се ослободи од економската зависност од нафтата

&NCS_modified=20160425181457&MaxW=640&imageVersion=default&AR-160429465

Саудиска Арабија го усвои планот за имплементација на опсежни реформи наречен „Визија 2030“ во кој од државата се очекува постепено напуштање на економската зависност од извозот на нафтата, пишува Бизнис Инсајдер.

„Се надеваме дека граѓаните ќе работат заедно со цел да ја достигнеме „Визија 2030“, изјави принцот Салман во соопштението за јавноста кое беше објавено на државната телeвизија, а деталите од планот ќе бидат соопштени нешто подоцна.

Саудискиот принц Мухамед бин Салман објави дека земјата ќе стане глобална инвестициска сила кој ќе ја напушти позицијата најголем извозник на нафта до 2020 година.

Според соопштението на Бизнис Инсајдер планот за реформи е признание дека било која држава која својата економија ја базира на енергија може да биде потресена од надворешните случувања.

„Мислам дека до 2020 година ќе може да се преживее отсуството на нафтата. Таа ни беше потребна во минатото, но мислам дека ќе можеме да живееме без неа“, изјави принцот Мухамед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП