28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританскиот ланец продавници BHS во банкрот поради долгови од 1,7 млрд

Британскиот ланец продавници BHS во банкрот поради долгови од 1,7 млрд

25099E5700000578-0-image-a-56_1426205595170

Британскиот ланец на продавници „BHS“ поднесе барање за стечај, со што би можеле да бидат загрозени вкупно 164 продавници и 11.000 работни места, пренесува БиБиСи.

Стечајната компанија „Duff & Phelps“ ќе се обиде да најде купец за целата компанија стара 88 години или барем на еден нејзин дел.

Досегашните преговори на акционерите со потенцијалните инвеститори или купци беа неуспешни, наведуваат Филип Дас и Бенџамин Вајлс.

Иако „BHS“ ќе продолжи да работи, најверојано нема да успее да ги подмири сите договорени плати, бидејќи се очекуваат помали приходи, наведува стечајната управа, додавајќи дека ваучерите за купување во продавниците на „BHS“ ќе вредат двојно помалку.

„BHS“ има долг од над 1,3 милијарди фунти, односно 1,7 милијарди евра.

Конзорциумот финансиери „Retail Acquisition“ ја купи „BHS“ за една фунта од Филип Грин, сопственикот на „TopShop“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП