18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата и деловните резултати ги спуштија индексите на Волстрит

Цените на нафтата и деловните резултати ги спуштија индексите на Волстрит

wall

На Волстрит во понеделникот цените на индексите благо паднаа, бидејќи вложувачите се претпазливи поради падот на цените на нафтата и анемичните квартални деловни резултати на компаниите.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,15 отсто, на 17.977поени, S&P 500 индексот се лизна за 0,18 проценти, на 2.087 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,21 отсто, на 4.895 индексни поени.

Најмногу во понеделникот паднаа цените на акциите во енергетскиот сектор, и тоа за 1,1 отсто, што е последица на падот на цената на нафтата на американскиот пазар за повеќе од 2 отсто.

А растот на цента на „црното злато“ и слабеењето на доларот, што позитивно влијае на американските извозни компании, последните седмици го поттикнуваа растот на цените на акциите, поради што S&P 500 индексот ги надомести сите загуби од почетокот на годината, кога остро падна. Во моментов е за само 2 отсто оддалечен од највисокото ниво во историјата, забележано во мај 2015 година.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработката на компаниите од составот на S&P 500 индексот во првото тримесечје од годинава паднале во просек за 7,3 отсто во однос на истиот период минатата година, Тоа е последица на ниските цени на нафтата и забавувањето на растот на светската економија.

Од 135 компании кои досега ги објавија деловните извештаи, 59 отсто ги надминаа очекувањата во однос на приходите, додека во просек надминувањата од 2002 година изнесуваа 60 проценти.

Во понеделникот вложувачите ги разочараа деловните резултати на производителот на принтери „Xerox“ и нa фармацевтската компанија „Perrigo“, па нивните акции потонаа за повеќе од 13 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП