2 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на дувачко трио во Куманово

Концерт на дувачко трио во Куманово

duvaci 355

Денеска со почеток во 19.30 часот, во малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово концерт ќе одржи дувачко трио од Скопје.

Триото го сочинуваат: обоа, кларинет и фагот со солисти од Оркестарот на МОБ. Членови на триото се: Татијана Петрушевска (обоа), Игор Бакревски (кларинет) и Марјан Милошевски (фагот).

Ова трио е оформено како резултат на долгогодишна соработка на членовите во Оркестарот на МОБ. Целта е да се развие концертна дејност како ансамбл, вон активностите во оркестарот. На програмата ќе бидат изведувани дела од светски композитори, а посебен акцент ќе се стави на изведување премиерни дела и дела од Македонски композитори. Во својата активност како инструменталисти забележуваат и соло-рецитали, концерти со други камерни ансамбли и соработка со повеќе професионални оперски куќи,симфониски оркестри во Македонија и во странство.

На програмата се Paul Pierne – ,,Bucolique Variee’’, Lj.Brandjolica-Suita од балетот „Дубровничка легенда“, J.Ibert- Пет пиеси за трио и H.Tomasi – „Concerte Champetre”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП