10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуска компанија доби вредна зделка за изработка на австралиски подморници

Француска компанија доби вредна зделка за изработка на австралиски подморници

podmornici

Француската компанија DCNS во вторник, пред јапонскиот и германскиот конкурент, го доби мегадоговорот проценет на 34 милијарди евра за изработка на следната генерација австралиски подморници.

Австралискиот премиер Малколм Турнбал го објави во вторник на прес конференција исходот од тендерот што траеше неколку години, откако за тоа го информираше францускиот претседател Франсоа Оланд.

Договорот вреден 50 милијарди австралиски долари(34,5 милијарди евра) е најважна воена нарачка што ја прави Австралија. Франција треба да изработи 12 подморници кои би требало да ги заменат сегашните подморници од класата Колинс на дизел електричен погон.

Подморниците ќе бидат изградени во бродоградилиштето Озборн во Аделаида, , што значи отворање на околу 2.800 нови работни места, велат австралиските власти.

Јапонија и Германија исто така учествуваа на тендерот. Токио побара објаснување за изборот, додека германската компанија соопшти дека го почитува исходот.

Во медиумите специјализирани за одбранбени прашања, претходно се пишуваше дека Австралија бара нов модел на подморница со поголем радиус на дејствување и подобри услови за сместување за долготрајни мисии. Австралијците сметаа дека германската подморница има недоволен радиус на делување, а јапонскиот модел имал специфичен проблем – јапонските морнари по правило се пониски од Австралијците, па просториите за екипажот биле недоволно прилагодени за долготраен престој.

Компанијата DCNS понуди проект на подморница на класичен погон, но со големина нешто помала од француските нуклеарни подморници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП