19 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАЕкспресионизмот во книжевностите од германското јазично подрачје

Експресионизмот во книжевностите од германското јазично подрачје

ger-jaz

„Денови на светската книжевност“ во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се одржат во вторник напладне во Центарот за конференции и студии.

Овој настан е насловен „Самрак на човештвото/Самрак на вистината“ и ќе биде посветен на експресионизмот во книжевностите од германското јазично подрачје.

На креативните начела и светогледот на експресионистите, поезијата на најзначајните претставници на експресионизмот и делото „Записите на Малте Лауридс Бриге“ од Рајнер Марија Рилке, кое со уникатниот, неконвенционален и невообичаен строеж и со иновативниот израз за периодот кога е пишувано и објавено, придонесува за квалитативна промена на дотогашната претстава за романот како книжевен жанр, ќе се осврнат м-р Филип Клетников и Јовица Тасевски-Етернијан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП