19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне прекин на сообраќајот кај село Врбјани

Попладне прекин на сообраќајот кај село Врбјани

vrbjani

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози. Во вторник попладне, во периодот помеѓу 13 и 15 часот, поради минирање, сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид кај Пресека, ќе биде во прекин, со времетраење од 15 до 20 минути.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5тона) сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Д.Капија – Корешница – Војшанци).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП