26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаздвижено на Македонска берза

Раздвижено на Македонска берза

mak berza2222

Македонската берза ја започна трговската седмица со пад на индексот МБИ10, па така денот го заврши во минус од 0,15 отсто и затвори на 1.748,89 индексни поени.

Вкупниот промет беше нешто повисок во однос на претходните денови и изнесуваше речиси 14 милиони денари, меѓутоа тоа во најголема мера се должи на трансакциите со акциите на Комерцијална банка. Конкретно со оваа акција беше остварен промет од 6,6 милиони денари, се истргуваа 3.060 акции по просечна цена од 2.170 денари.

За обврзниците во понеделникот постоеше заинтересираност кај инвеститорите, па така беше остварен промет од 2,4 милиони денари од кои над 90 отсто беше остварен со четиринаесеттата емисија за која има најголема заинтересираност.

Акциите на Охридска и Стопанска банка Битола се најдоа на листа на губитници, при што забележаа пад од 2,09 и 1,9 проценти, соодветно.

На спротивната листа, како позначајни добитници завршија акциите на Топлификација со раст од 2,31 отсто и просечна цена од 560 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП