22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 1000 фирми отидоа во стечај во првите три месеци од оваа...

Над 1000 фирми отидоа во стечај во првите три месеци од оваа година во Албанија

alb-tirana-albanija

Поради неплаќање на даноци над 1000 фирми отидоа во стечај во првите три месеци од оваа година во Албанија .

Ако се земат предвид и фирмите кои поради истите проблеми  отидоа во стечај тогаш таа бројка за нешто повеќе од една година е над 16 илјади. Поради неплаќање на такси и даноци, Дирекцијата за приходи во согласност со постојните законски прописи  утврди мерки за стечај во наведените фирми.

Албанските медиуми јавија дека  актуелната влада на Еди Рама  презеде силна акција за елиминирање на сите форми кои работаат на црно со цел да се стабилизира  законската работа  во фирмите кои делуваат во земјата.  Ефектите на финансиски план и во однос на вработувањето се мошне добри тврдат претставници на Владата, кои најавуваат продолжување на пресметката со дивите форми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП